МО и АРМ со мерки за превенција на настани како во Злетово

Тетово, 26 ноември 2014 (МИА) - Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески  денеска од Вратница најавија формирање заедничка комисија која ќе ги разгледа сите процедури и ќе предложи мерки и препораки за нивно подобрување и унапредување со цел да се спречат настаните како вчерашниот во Злетово кога професионален војник на АРМ застрела три лица, а потоа се самоуби.

Тие потенцираа дека во АРМ сите припадници и досега поминувале редовни годишни психофизички проверки со своите старешини и други стручни лица, но оваа комисија треба да ги подобри и зајакне постојните процедури и да ги отстрани можните недостатоци.

- Нашите војници одат на редовни годишни лекарски прегледи и имаме и психолози кои разговараат со нив со цел да не се случуваат вакви немили настани. Ние имаме процедури што се почитуваат меѓутоа сега оваа комисија ќе го испита овој конкретен случај и ќе види како овие процедури понатаму може да се зајакнат и подобрат, изјави Јолевски, кој денеска заедно со американскиот амбасадор Пол Волерс присуствуваше на откривање споменик во чест на загинатите припадници на Армијата на САД во авионска несреќа во 1944 кај село Вратница.

Според министерот Јолевски, подобрувањето на  соработката и со другите надлежни институции како полицијата, правосудните органи и центрите за социјална работа може да придонесе за спречување на повторувањето на вчерашниот случај од Злетово.

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Котевски истакна дека ќе се формира дополнително комисија овој случај да биде поука за преземање на превентивни дејства за во иднина за евентуални девијантни однесувања на одредени лица во АРМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...