Прв национален форум за Отворено владино партнерство

Скопје, 26 ноември 2014 (МИА) - Со проектот отворено владино партнерство, како суштествен сегмент за поврзување на Владата и бизнис заедницата и соработка со граѓанските организации, досега се отворени 154 дата сетови во 27 институции – министерства, инспекторати, агенции, регулатори. Во следната фаза ќе бидат опфатени институции кои ги поседуваат податоците со кои можат да се изградат апликации. 

Тоа го истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во обраќањето на првиот национален форум за Отворено владино партнерство, што се одржа денеска во организација на Центарот за истражување и креирање политики.  

Уште со првиот Акциски план, укажа Ивановски, Владата на Република Македонија направи седум заложби со мерки кои придонесуваат за отвореност, транспарентност и отчетност, како основни вредности од Декларацијата за отворено владино парнерство.  - Овој процес во голем дел му помага на приватниот сектор и на граѓаните, а сето тоа има за цел активно да поттикне креирање нови работни места и нови иновации,  истакна министерот Ивановски. 

По усвојувањето на Вториот акциски план за Отворено владино партнерство во јуни 2014 година, беше донесена одлука за формирање работна група за негово спроведување. Таа ќе ја информира Владата за напредокот на спроведувањето на активностите на квартално ниво, со истовремено давање препораки за повеќе аспекти кои се содржани во Декларацијата за отворено владино партнерство. Во рамки на вториот Акциски план за отворено владино партнерство, граѓанската организација - Македонски центар за меѓународна соработка, објавува податоци на единствениот национален регистар на правни прописи ЕНЕР.

- Оваа граѓанска асоцијација врши мониторинг врз одржувањето на јавните консултации во јавното креирање на законите од страна на сите институции. Ова е еден од поуспешните примери на синергија помеѓу владините институции и граѓанските организации, оцени Ивановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...