Обврска за енергетска ефикасност само за надворешна реконструкција

Скопје, 26 ноември 2014 (МИА) -   При значителна реконструкција на градба инвеститорот со документацијата ќе треба да обезбеди сертификат за енергетски карактеристики. Обврската за енергетска ефикасност ќе се однесува само за реконструкција, што опфаќа обнова или замена на надворешниот дел од објектот, но не и за адаптација на внатрешниот.

Тоа беше истакнато на расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање, што денеска доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.   

Основниот проект за реконструкција на градби, за кои се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите, според Предлог законот, при значителна реконструкција, треба да содржи и потврда од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење енергетска контрола, со која се потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со  минималните барања за енергетска ефикасност. Значителна е реконструкцијата чија вкупна вредност е поголема од 25 проценти од вредноста на градбата, не сметајќи ја вредноста на земјиштето на кое е изградена градбата и трошоците за уредување на градежното земјиште или пак реконструкција со која повеќе од 25 проценти од плоштината на обвивката на градбата е предмет на реконструкција, се наведува во Предлог законот. 

Според заменик-министерот за транспорт и врски Ниметула Халими, со предложените законски измени се  врши усогласување со Законот за енергетика во делот на енергетска ефикасност на градбите.

- Се предвидува инвеститорот со барањето за одобрение за градба и за значителна реконструкција за градбите за кои се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите да достави потврда за усогласеност на основниот проект со основните барања на градбата  во поглед на исполнување на мининалните барања за енергетска ефикасност. По завршување со изградбата односно реконструкцијата треба да обезбеди сертификат за енергетски карактеристики на зградата. Доколку инвеститорот не обезбеди сертификат за енергетски карактеристики на зградата градбата нема да може да се стави во употреба, рече во образложението заменик-министерот Халими. 

Пратеничката Роза Топузовска Каревска побара попрецизно дефинирање на за обврската за енергетска ефикасност затоа што, како што рече, во јавноста има дилема дали и при најмало реновирање на домовите ќе треба да се обезбеди елаборат.

 - Тука треба да се каже дека се работи исклучиво за надворешните плоштини, а не и за внатрешно реновирање на станот затоа што  луѓето добија впечаток дека и при внатрешно  уредување  и реновирање на станот ќе мора да ги вадат сите овие документи. Се однесува за измена на фасадата или кровот и мислам дека можеби и не е најдобро употребен изразот реконструкција, рече Топузовска Каревска, дополнувајќи оти лично нема дилеми за потребата од градење енергетски ефикасни фасади заради намалување на трошоците за енергија.

Мартин Оџаклиевски, раководител на сектор во Министерството за транспорт и врски појасни дека во Законот за градење јасно е разграничено што се подразбира под постапка за реконструкција, а што за адаптација. - Во конкретниот случај  кога се работи за внатрешно уредување  тоа е адаптација и нема дилеми дека не се применуваат одредбите за енергетска ефикасност и при внатрешно  реновирање на домовите. Меѓутоа при реконструкција кога се врши замена на надворешни ѕидови  во тој случај се применуваат одредбите  за енергетска ефикасност под условите да се надминува 25 проценти од вредноста на објектот  при реконструкцијата или пак  да се замени повеќе од 25 проценти од фасадата на објектот, рече Оџаклиевски и додаде дека дефиницијата за процентите е преземена од Законот за енергетика од каде произлегла потребата за предвидување на обврската во Законот за градење. 

Со Предлог законот се врши и доуредување на постапката за издавање одбрение за градење за градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство. - Законот за градење опфаќа група објекти од јавен интерес во кои влегуваат и објектите од  заштитено културно наследство и за сите нив е предвидена соодветна процедура, односно при издавање одобрение за градење да се доставува  изјава дека инвеститорот, во случајот Управата за заштита на културното наследство ќе  достави изјава дека ќе ги реши имотните односи до издавање одобрение за употреба, укажа Оџаклиевски.  

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски рече дека енергетската ефикасност е многу важна за заштеда на енергија. - Со измените на Законот е предвидено дека при поднесување документи за добивање  одобрение за градба покрај основниот проект инвеститорот треба да достави потврда за усогласеност со Правилникот за енергетски карактеристики на зградите и да се исполнат минималните барања за енергетска ефикасност. За брзо време по примената на овие одредби ќе увидиме колку  добро сме направиле и за државата и за иднината затоа што трошиме премногу енергија во зима за греење и во лето за ладење, рече Деспотовски.

Законските измени ќе треба да овозможат и при реконструкција да не се доставува извид од урбанистички план,  односно имотен лист за објектот затоа што не се врши доградба и надградба. Со тоа ќе се овозможида се врши реконструкција на објекти запишани во имотен лист за кои нема урбанистички план. 

На седницата на собраниската Комисија за транспорт и врски беше усвоен и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенски сообраќај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...