Градоначалникот на Охрид се сретна со претставници на менаџментот на кинески „Хуавеј“

Охрид, 26 ноември 2014 (МИА) – Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во рамки на работната посета на Кина оствари средба со претставници на големата кинеска и светска компанија за телекомуникациска опрема и информатичка технологија „Хуавеј“, предводени од заменикот-претседател Ватер Су.

На средбата Бакрачески бил информиран дека „Хуавеј“  има 21 институт за истражување и развој во  Кина, Америка, Канада, Пакистан, Велика Британија, Франција, Германија, Колумбија, Шведска, Ирска, Индија, Русија и Турција, како и дека само за инвестирање во истражувања и развој компанијата минатата година инвестирала пет милијарди долари.

На работната вечера по средбата Бакрачески пред менаџерскиот тим на „Хуавеј“ ги презентирал можностите и олеснувањата што Владата на Република Македонија и Локалната самоуправа ги нудат за привлекување странски инвестиции, како и за потенцијалите на Охрид за евентуален влез на кинескиот гигант со инвестиции во охридското стопанство.

„Хуавеј“ според обртот на производство во 2012 година ја престигна и компанијата „Ериксон“. Компанијата на почетоците од работењето своите активности ги има фокусирано на изработка на опрема за телефони, за подоцна да го прошири бизнисот во областа на телекомуникациска опрема, обезбедување оперативни и консалтинг услуги, како и опрема за фирми во и надвор од Кина. „Хуавеј“ произведува различни уреди за комуникација за широка потрошувачка, со 140 илјади вработени, од нив речиси половината фокусирани во истражувачка дејност и развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...