Расчистени две кривични дела „убиства во обид“ во скопската населба Аеродром

Скопје, 26 ноември 2014 (МИА) - Единицата за насилен криминал при СВР Скопје расветли две кривични дела „убиство во обид“, кои се случија изминатиот викенд на подрачјето на населба Аеродром, а за кои основано се осомничени три лица од Скопје.

До надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје со кривична пријава е предадено едно лице, на кое од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена, додека за уште две лица, по целосното документирање на кривично правниот настан, ќе им биде поднесена кривична пријава.

Како што соопшти денеска МВР, првото расветлено кривично дело е извршено на 23 овој месец околу 00,30 часот на булеварот „АСНОМ“ каде пријавениот Д.Р.(18) од Скопје, во алкохолизирана состојба им нанел убодни рани со нож на Д.Б.(23) и С.Р.(22), при што повредениот Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди, додека С.Р. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.  Оштетените и сторителот не се познавале, а критичната вечер тие рекреативно трчале на булеварот „АСНОМ“ и поминувајќи покрај пријавениот, кој бил во видно алкохолизирана состојба паднат на улица и повраќал, застанале да му помогнат.

Инаку Д.Р., во 2013 година е кривично пријавен за „учество во толпа“ и му се поднесени четири прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад. Во изјавата во полиција го негирал кривичното дело за кое се товари. За стореното кривично дело „убиство во обид“ му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Вториот настан „убиство во обид“ се случил на 21 овој месец околу 02,40 часот пред ТЦ „Капитол Мол“ во населбата Аеродром, каде по претходна тепачка помеѓу четири лица од Скопје, познати деликвенти, двајца од нив се прободени со ножици и се здобиле со телесни повреди.

На настанот му претходело меѓусебно недоразбирање помеѓу Б.Ј.(40) и Е.А.(29), двајцата од Скопје. Бидејќи Е.А., покрај директните закани и навреди упатени кон Б.Ј.,тоа почнал јавно да го прави и на социјалната мрежа “facebook”, на 21.11. телефонски бил повикан од Б.Ј. да дојде пред ТЦ „Капитол Мол“, за да ги расчистат  недоразбирањата. Пред трговскиот центар и двајцата дошле со по уште едно лице и веднаш започнале вербална расправија, која прераснала во тепачка.  Е.А. со ножици им нанел убодни рани на Б.Ј. и Д.А.(29), по што побегнал, а Н.Ј.(24) кој заедно со него учествувал во тепачката и бил сведок на извршувањето на кривичното дело, случајот не го пријавил во полиција.  Кај двајцата повредени се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болница се пуштени на домашно лекување.

По целосно документирање на случајот, СВР Скопје против Е.А. ќе  поднесе кривична пријава „убиство во обид“, а Н.Ј. кривично ќе одговара за сторено дело „помагање“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...