Бесими на состанок на Мешовит парламентарен комитет Република Македонија - ЕУ

Скопје, 26 ноември 2014 (МИА) - Политиката за проширување е од клучно значење како за Република Македонија така и за ЕУ. Процесот на обединување на европскиот континент нема да биде завршен се додека не се интегрираат и земјите од Западен Балкан, a од заеднички интерес е успешно да се заврши, истакна денеска во Стразбур вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими во обраќањето на 12. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - ЕУ.

Како што соопшти прес-службата на СЕП, Бесими ги информираше членовите на Мешовитиот парламентарен комитет за реформите во Република Македонија, степенот на реализација на Агендата за ЕУ во земјата и конкретните постигнати резултати. Тој потенцираше дека шестата препорака за почеток на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е од битно значење за продолжување на реформскиот процес во земјата.

- Извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија за 2014 година беше детално разгледан, а наодите од извештајот се опфаќаат во Националната програма за усвојувањето на правото на ЕУ - НПАА, која ќе се финализира до крајот на оваа година. Согласно наодите од Извештајот на ЕК се одредуваат краткорочните и среднорочните приоритети на реформскиот процес, истакна Бесими.

Со цел обезбедување инклузивност и транспарентност во програмирањето на НПАА, вицепремиерот истакна дека Секретаријатот за европски прашања организираше средби со претставници на судството, академската заедница, граѓанскиот сектор, медиумите, бизнис заедницата кои се поканети да ги достават нивните предлози за НПАА, на што многу од нив одговориле на повикот со нивни предлози. Воедно, истакна Бесими, Владата веќе има усвоено нацрт акциски план со конкретни активности кои се фокусираат на приоритетните области како што се: судството, слободата на изразување и медиумите, меѓуетничките односи, реформите во јавната администрација, препораките на ОБСЕ/ОДИХР, добрососедските односи и регионалната соработка.

За време на посетата на Стразбур вицепремиерот Бесими оствари средба и со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд со кого разговарале за значењето на поддршката на земјите членки на ЕУ во процесот на спроведувањето на реформите во земјите од Западен Балкан, со цел нивно што поскоро приклучување во Унијата.

За време на престојот, Бесими имаше средби со пратеници од Европскиот парламент како што се Алојз Петерле, претседавач на Мешовитиот комитет, Алојз Вајгел, европратеник и известувач за Република Макеоднија, Ричард Ховит, Јозо Радош, Моника Маковеј, со кои разговараше за посветеноста на Македонија во спроведувањето на реформите, како и за значењето на партнерскиот однос со ЕУ, кој, се наведува, е од исклучителна важност. Воедно, потенцираше дека Република Македонија е земја која најдолго во регионот ја спроведува европската агенда и дека според постигнатите резултати Македонија веќе е подготвена за започнување на  преговорите за членство во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...