Поезијата на Маџиров објавена во Исланд, Холандија, Шведска и Мексико

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - Поезијата на Никола Маџиров го отвора тематот „Нова земја” на едно од најпрестижните холандски книжевни списанија „Терас”, а исландското списание „Стина” на страниците за преводна литература ја објавува на исландски јазик заедно со фрагменти од опусот на Едгар Алан По, Џек Керуак или Роберт Валзер.

Шведското поетско списание „Лириквенен” го отвори тематот „Тишина” со поезија на  Маџиров, каде е вклучена и поезијата на Цветаева и Пастернак, а стокхолмскиот книжевен магазин „10-тал” објави негов есеј.

Стихови на поетот од Македонија се објавени и во мексиканското списание „Ла Отра”, како и во антологијата на меѓународниот фестивал Којакан кој се одржа минатата недела во Мексико Сити во чест на 100-годишнината од раѓањето на мексиканскиот нобеловец Октавио Паз. Фестивалот се одржуваше во куќите и музеи на Фрида Кало, Троцки или Диего Ривера, а учествува автори од дваесетина земји, меѓу кои и неколкукратните кандидати за Нобеловата награда Адонис и Беи Дао.

Маџиров беше избран за член на меѓународното жири кое годинава ја додели наградата на индиско-британската поетеса Суџата Бат, а на завршната вечер од фестивалот тој ја прочита песната “Кога некој заминува” во чест на 43-те исчезнати мексикански студенти по кои се трага веќе два месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...