„Активни разговори“ за вклученост на децата во креирањето политики

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - Вклученоста на децата со попреченост во различните општествени сфери, на девојките во информатичките технологии, младите во создавање јавни политики, се дел од темите што ќе бидат опфатени на манифестацијата „Activate Talks“ што денеска се одржува во Младинскиот кулутрен центар во Скопје, во организација на УНИЦЕФ и Младински образовен форум.

Дона Костуранова, директор на МОФ информира дека „Активни разговори“ е меѓународен настан, што првпат се организира во Македонија.

- Идејата е да даде инспирација да ги покаже младите лидери, да ги инспирира младите луѓе во едно општество за преземање сопствени иницијативи, сопствени чекори унапредување на нивните животи и поголем ангажман, истакна Костуранова.

Шест лидери, како што појасни, ќе говорат за теми што ги засегаат младите во повеќе области да ги охрабрат младите и да даде основа за младите да преземаат сопствени иницијативи или да ги разбираат подобро ова прашања. 

Евроамбасадорот Аиво Орав смета дека денешниот настан се одвива во насока на интегрирње на детските права, во насока на донесување одлуки, политики и закони. Со овој настан, додаде тој, ќе се одбележат 25 години од Конвенцијата за правата на детето, со која може да се намалување на детската смртност и зголемувањето на запишување во училиште.

- Сепак, уште многу треба да се направи во овој поглед. Се помалку има запишување деца во претшколско образование, деца се соочуваат сиромаштија, како и жртви на сексуална злоупотреба и насилство. Заради тоа треба доста да се направи за да се подигне здравјето и исхраната на децата, заклучи Орав, подвлекувајќи дека многу деца не ги уживаат целосно своите права.

Претставникот на УНИЦЕФ Бертран Демулен истакна дека многу деца се соочуваат со проблеми, со кои им се намалуваат правата.

 - За да се соочиме со овие предизвици мораме да бараме нови начини за размислување и активности. Заради тоа УНИЦЕФ ја прогласи 2014, како „година за иновации и еднаквост“ за да го фокусираме светското внимание на покажување и развивање иновативни одлуки за доброто на децата, рече Демулен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...