Штип се подготвува за претсојните новогодишни и божиќни празници

Штип, 27 ноември 2014 (МИА) - Општина Штип за претстојните новогодишни и божиќни празници издвои 600.000 денари. Програмата за одбележување на новогодишните и божиќни празници денеска се изгласа на седница на Советот на Општина Штип.

Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека се очекува од наредната недела да почне и украсувањето на градот. Градот ќе се украсува со минатогодишните украси, но ќе се надополни и со  нови. Се очекува украсувањето да заврши до 19 декември, кога и градот го чествува  и патрониот празник  свети Никола.

- Повеќе од 600 000 денари се издвоени од буџетот за програмата за новогодишните и божиќни празници. Ова се средства кои се наменети пред се за оние стандардни традиционални ставки од типот на награди за најдобрите и дежурни служби и за граѓаните, институциите и фирмите кои ќе имаат најубав украсен објект, појасни Ристов.

Тој додава дека годинава ќе нема дочек на Новата година на Градскиот плоштад „Слобода“, средствата ќе се искористат за реализација на некој инфраструктурен проект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...