Канческа-Милевска и Херман разговараа за интензивирање на културната соработка

Прага, 27 ноември 2014 (МИА) - Задоволство од соработката во сите области, манифестирана преку официјални посети на високо политичко ниво, и од традиционално добрата соработка во сите дејности на културата, изразија министрите за култура на Македонија и Чешка, Елизабета Канческа-Милевска и Даниел Херман на денешната средба во Прага.

Тие разговараа за проектите со кои во наредниот период ќе се интензивира соработката во областа на културата. Беше иницирано потпишување  програма за културна соработка, односно меморандум за соработка меѓу институциите во двете земји. Се разговараше и за манифестациите и фестивалите на кои македонските уметници би се презентирале во Чешка, а  чешките во Македонија.

Канческа-Милевска го информираше Херман дека веќе се работи на програмата со која следната година македонските културни вредности ќе бидат претставени во Плзен, кој е Европска престолнина на културата за 2015 година. 

Двајцата министри се согласија дека културата е најсилниот аргумент во промоцијата и афирмирањето на една држава и во тој контекст Канческа-Милевска  го запозна својот чешки колега со состојбите во културата во Македонија, со позначајните капитални инвестиции, активностите во областа на археологијата и грижата за културното наследство.

На работната средба, на која  присуствуваше и македонскиот амбасадор во Чешката Република Паскал Стојчески, Канческа-Милевска упати официјална покана до министерот Даниел Херман да ја посети Македонија.

Во галеријата на Чешкиот центар во Прага тие вечер свечено ќе ја отворат изложбата „Трансфигурирање“ на Националната галерија на Македонија, која е централна активност во културната програма со која се одбележуваат две децении од воспоставувањето на дипломатските врски меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...