Десет македонски компании ќе се натпреваруваат за Европските бизнис награди

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - Македонските компании СЕЕД Македонија, Кодвел Анлимитед, Комфи-Ангел,  Дајнерс клуб Македонија, Дуна компјутери, Ај-воут, Макстил, Порше  Македонија, Прилепска пиварница и ПЗУ Ремедика се прогласени за  национални шампиони и претставници на Македонија на Европските бинис  награди.

Националните шампиони од Македонија за Европските бизнис награди се  избрани во неколку категории, претприемништво, увоз/извоз, грижа  за потрошувачите, иновации, корпоративна одржливост, работодавач на  годината и бизнис на годината.

Сите македонски шампиони во следната фаза ќе се натпреваруваат во  нивната категорија со компании од цела Европа.  Гласањето за национален шампион ќе почне од 6 јануари 2015 година кога ќе бидат достапни видеата на интернет страницата на Европските бизнис награди. 

Европските бизнис награди се спроведуваат по осми пат, а оваа година  учествуваа над 24 илјади бизниси од 33 европски земји.

Извршниот директор на Европските бизнис награди Адриан Трип смета  дека наградите им помагаат на компаниите да добијат поголема видливот на  меѓународниот пазар, но и да направат нови бизнис контакти.

- Наградата носи инвеститори и луѓе кои се заинтересирани да работат со  победниците. Воедно, преку програмата учесниците самите се оценуваат и  сфаќаат кои се нивните предности и што ги прави успешни, а на што  треба да работат во иднина, изјави Трип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...