Секогаш има простор за заострување на регулативата

посебно во делот на поседување и носење службено оружје

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - Тројното убиство во Злетово го изврши професионален војник со службено оружје кое не подлежи на режимот на приватното оружје. Системот кој функционира кај приватното оружје би можел во некоја форма да се преслика и кај службеното, што значи да имаме многу построга регулатива и процедура за ваквите случаи каде можеби ќе можеме да превенираме некои настани со елементи на насилство. 

Ова денеска го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговарајќи на прашање на пратеничката Љубица Буралиева на 23. седница на Собранието на Република Македонија.

Според Јанкулоска, секогаш постои простор за подобрување на регулативата и за нејзино заострување посебно во делот на поседување и носење на службеното оружје.

Таа посочи дека Владата на последната седница пред два дена донесе одлука врз основа на која е формирана и функционира Работна група која има за задача да ги разгледа околностите во кои едно лице по службен пат може да ракува со оружје и да даде свои предлози за заострување на процедурите, односно пропишување попрецизни процедури како треба да се постапува со лицата кои по службена должност ракуваат со оружје во случаите каде ќе се добијат или оперативни или конкретни сознанија дека тие се наклонети кон насилство или дека сториле кривично дело или прекршок со елементи на насилство.

Како МВР, појасни таа, ниту сме издале дозвола, ниту сме издале оружје.

- Тоа го прави институцијата каде е вработено лицето кое го поседувало оружјето, во конкретниот случај АРМ, меѓутоа постапката по аналогија е иста и за службените лица во МВР. Во овој случај не сме можеле да реагираме на начин кој го пропишува Законот за оружје. Од она што го слушнав од колегите од Министерството за одбрана и од АРМ се чини дека и таму постојат одредени процедури врз основа на кои би требало и би можело да се утврди дали лицето навистина и понатаму ги исполнува сите услови за ракување со оружје. Тие во тој дел претпоставувам во периодот кој следи врз основа на најавената Комисија која треба да го истражи случајот ќе ги дадат своите наоди, рече Јанкулоска.

Претходното тројно убиство во Кавадарци, истакна министерката, не е извршено со службено оружје туку е извршено од приватно лице со приватно оружје за кое поседувало дозвола.

- Правната рамка во делот на приватното оружје предвидува строги механизми кои би требало да гарантираат добар систем на контрола на профилот на лицата кои поседуваат приватно оружје. Тројното убиство во Кавадарци беше извршено со приватно оружје. Лицето добило дозвола за поседување оружје, но ние утврдивме и врз основа на наодите поднесовме две кривични пријави дека направени се пропусти во моментот кога полициските службеници не му го одзеле оружјето, а дознале дека тоа има добиено кривична пријава со елементи на насилство, рече Јанкулоска.

Таа потенцира дека Законот предвидува одземање на оружјето, но направен е пропуст и за тоа се поднесени две кривични пријави. 

- Во Македонија во никакви околности не е дозволено носење приватно оружје. Тоа значи дека Законот за оружје кој во принцип го регулира приватното оружје се однесува само за носење оружје од страна на приватни лица. Носењето и поседувањето оружје од страна на службени лица е регулирано со други материјални закони односно закони кои го регулираат функционирањето на институциите во кои работат службените лица, рече Јанкулоска и додаде дека дозволата за поседување оружје се добива врз основа на строги однапред утврдени критериуми, а тоа значи дека потенцијалниот имател на оружје поминува низ строга селекција и процес на проверка на неговата подобност која опфаќа и медицински прегледи направени од страна на стручни лица, експерти од здравството и полагање стручен тест кој се полага електронски.

Нагласи дека се прави и безбедносна проценка за лицето која подразбира профилирање на лицето односно утврдување дали тоа врз основа на неговото претходно однесување и на фактите било инволвирано во кривични дела поврзани со насилство или дали сторило прекршоци со елементи на насилство, е подобно да носи оружје. Откако ќе се направи ваквата проверка, додаде министерката Јанкулоска, се издава дозволата за оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...