Deutsche Welle

„Орелот“ на етничка дистанца од „сонцето“

Само знаме кое не потенцира нечиј етнички ексклузивитет, може да спречи дезинтеграција, велат аналитичари, осврнувајќи се на досегашните предрасуди за Денот на албанското знаме.

Црвено-црна е бојата што ќе го обои денешниот ден на Албанците во Македонија, кој се слави како Ден на албанското знаме. Историски е врзан за 1912 година, кога албанскиот дипломат Исмаил Ќемали во присуство на 83 делегати го подигнал националното знаме во Валона и ја прогласил Албанија за независна, а Собранието ја формирало првата албанска влада. Оттогаш до денес, црниот двоглав орел на црвена позадина е национален симбол на Албанците, без разлика каде живеат. Сто и две години подоцна, посветеноста кон значењето на албанското знаме повеќе се третира низ призмата на сегашноста, отколку на историјата. Празнувањето на симболот се персонифицира со заложбите за напредок, интеграција и рамноправност во општеството. Исен Салиу, Главен уредник на весникот „Лајм“, објаснува што им значи овој ден на Албанците.

„Албанците, 28 ноември го сметаат како празник кој симболизира крај на една голема вековна неправда на Балканот и почеток на нова ера која овозможи и ние да имаме своја матична држава. Не е тајна дека голем број Албанци сѐ уште мислат дека на 28 ноември 1912 година оваа неправда беше само делумно исправена, бидејќи поголемиот број Албанци останаа да живеат надвор од матичната држава. Меѓутоа, мое мислење е дека за секој Албанец кој искрено го прославува 28 ноември, надминато е прашањето дали во 1912 година го добивме или не тоа што ни следуваше. Побитно е како може да придонесеме државите во кои живеаат Албанците да станат дел од Европа во вистинска смисла на зборот, бидејќи денеска за Албанците би била мала и Голема, етничка Албанија. Албанците се меѓу народите со најголема дијаспора во Европа и затоа како народ не можат да функционираат во никакви други околности, освен во обединета Европа“, вели Салиу.

Погрешни перцепции

Славењето на албанското знаме, во изминатите години беше причина за различни, а според Албанците, најчесто погрешни перцепции, со оглед дека тоа најчесто се третираше како знаме на странска држава. Она што тие се обидуваат да го објаснат - е дека двоглавиот орел е официјално знаме на Република Албанија, но и национален симбол на сите Албанци во светот. На 28 ноември тоа знаме не се вее само во Албанија и во Kосово, туку и во Македонија, Црна Гора, САД, Австралија, Германија, Швајцарија, Норвешка, Белгија..., односно секаде каде што живеат Албанци и затоа не треба да се сфаќа како никаква „провокација“.

Но истите дилеми со години, го наметнуваат прашањето: Кое е знамето што може да ги обедини граѓаните на една мултиетничка држава, каква што е Македонија? Според Салиу, тоа знаме треба да биде израз на државниот мултиетницитет, односно да ги артикулира во себе чувствата на поголемите заедници.

„Општо познато е дека Албанците како втора најголема етничка заедница, но и нивните политички преставници во Македонија, не го прифаќаат сегашното знаме како знаме кое ги одразува нивните чувства. Имајќи предвид дека и кај голем број Македонци ова знаме не буди некакви чувства, во функција на зајакнувањето на меѓуетничкиот соживот, не би било лошо да се започне постапка за договарање ново знаме кое ќе ги отсликува чувствата на поголемиот број граѓани. Сепак мислам дека тоа во моментов не е најголемиот приоритет за Македонија, но ако се најде компромис, би бил чекор кој ќе ги унапреди влошените меѓуетнички односи“, вели Салиу.

Во Македонија со Уставот е гарантирано правото на национални обележја, а нивната употреба е регулирана и со закон. Но, поради честото нарушување на законот, на употребата на националниот симбол на Албанците и натаму се гледа со недоверба. По ланската прослава на Денот на албанското знаме, ВМРО - Народна партија констатираше сериозно нарушување на Законот за употреба на знамиња, но „многу повеќе загриженост што со истакнување на знамето на вакви прослави се демонстрира двоен суверенитет на територијата на Република Македонија што доведува до јасно видлива дезинтеграција“.

Од тие причини, партијата предложи три решенија за надминување на состојбите: Или Владата да обезбеди доследно почитување и примена на Законот за употреба на знамиња, или законски да го легализира тоа што се манифестира на терен при ваквите прослави или да покрене иницијатива за донесување на ново знаме на Република Македонија. Тоа да се направи низ расправа во која ќе учествуваат сите етнички заедници, кои со консензус ќе решат за изгледот на знаме кое повеќе нема да предизвикува меѓуетнички тензии, бидејќи однапред ќе биде прифатено од сите.

БиХ и Косово - добри примери

Но, овие предлози брзо паѓаат во сенката на други поприоритени прашања, сѐ до некој нов, следен повод. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека има примери на знамиња кои не се доживуваат како дезинтегративни.

„Добри примери во регионот се босанското и косовското знаме кои не асоцираат на ниедна етничка заедница во тие држави. Затоа и сите заеднички ги прифатија тие знамиња. Кај нас ситуација е спротивна, бидејќи мнозинската заедница се идентификува со државното знаме како ексклузивен сопственик“, објаснува Муслиу.

Со оглед дека симболот на македонското државно знаме е сонце, кое не асоцира на ништо етничко, туку на нешто што им припаѓа подеднакво на сите луѓе, нејасно е зошто би било неприфатливо за Албанците.

„Симболот на знамето не е спорен. Впрочем, и на претходното знаме симбол беше сонцето (од Кутлеш). Но, за едно знаме да се доживува како знаме кое им припаѓа на сите, таков треба да биде и начинот на кој тоа се донесува и претставува. За илустрација, ќе потсетам дека во 1991 година имаше голема расправа околу тоа кое име ќе се одбере - „Армија на Република Македонија“ или „Македонска Армија“. Расправата не беше теоретска, туку многу суштинска, со оглед дека името „Македонска Армија“ се идентификува само со една заедница, а името АРМ - се идентификува со државата. Таа логика важи и за знамето. Под швајцарското знаме Германците што живеат во Швајцарија не се ни помалку Германци, ни помалку Швајцарци. Истото важи и за Французите и Италијанците во таа земја, бидејќи имаат знаме што не потенцира нечиј етнички ексклузивитет“, вели Муслиу.

На периферијата

Партиите на Албанците изминативе години беа носители на бројни активности за одбележување на празникот дома, но и со гостување во албанските центри во соседството - Тирана и Приштина. За разлика од таа практика, Иницијативниот Oдбор на новоформирането движење „Беса“, реши да ја децентрализира прославата - ќе ги посети најпериферните населени места со Албанци во Македонија во околината на Велес, Прилеп и Битола - селата Бузалаково, Сливник, Горно Јаболчиште, Црнилиште и Меџитлија.

„Целта на овие посети е и таму да стигне албанското национално знаме, и таму да се почувствува празникот, и тие населени места со Албанци да чувствуваат дека се значајни“, велат од Беса.

Очигледно, поважно од разликите за знамињата, е да се надминат разликите во нееднаквиот економски развој во земјата. Прославата на знамето трае еден ден, а социјалните и економски разлики граѓаните ги чувствуваат со години.

„Ниеден етникум заедница нема природни вродени афинитети за да да прави проблеми во некоја заедница. Знамињата не ги делат луѓето, туку политичките елити заради свој бенефит проектираат ставови дека ако некој етникум го употребува своето етничко знаме, тоа значи дека не ги сака другите, што не е точно. Затоа, само интеграциите, напредокот и економскиот развој ќе помогнат да се надминат овие заблуди“, порачува Муслиу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...