Извештајот за загинувањето на Трајковски испратен во Македонија

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - До властите во Македонија е испратен извештајот за падот на авионот во кој во 2004 година во Бсна и Херцеговина загина претседателот Борис Трајковски, изјавил шефот на истражниот тим за утврдување на причините за авионската несреќа Омер Кулиќ за агенцијата Срна.

Тој посочил дека до средината на декември извештајот ќе биде подготвен и за претставување пред јавноста во БиХ.

- Тоа е наша меѓународна обврска. Ги чекаме нивните коментари кои ќе пристигнат во текот на наредната седмица, по што извештајот во завршна форма ќе биде отпечатен, прецизирал Кулиќ, пренесе ТВ Ал Џезира Балкан.

Завршниот извештај за падот на авионот, како што претходно најави Кулиќ, прво ќе биде предаден на Советот на министри и на главниот обвинител на БиХ. Потоа, ќе биде проследен до македонските власти и македонскиот главен јавен обвинител.

Кулиќ, објавуваат босанските медиуми, рекол дека неговиот тим во целост успеал да ја утврди причината за падот на авионот и загинувањето на македонскиот претседател Трајковски.

- Точно утврдивме што се случило. Сите актери во тој настан во истрагата се опфатени, но не смеам да кажам кој е одговорен. Нашата задача е да испитаме како се случил падот на авионот, тоа ќе му го кажеме и на нашиот и на македонскиот обвинител, а нивна е одлуката што ќе прават понатаму, затоа што тоа се светски стандарди во ваквите активности, појаснил тогаш Кулиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...