Рано откривање и навремена интервенција за третман на рак на дојка

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - Борбата против ракот на дојката мора да се води мултидисциплинарно и со индивидуален пристап кон секој од пациентите. Мултидисциплинарниот пристап ги обединува специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентот да може да го продолжи животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани. 

Ова денеска на прес-конференција го истакна проф. д-р Андреја Арсовски, торакален хирург, стручен директор на приватната општа болница Ре-Медика, кој рече дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција.

Посочи дека располагаат со најсовремен дигитален мамомат, надграден со систем за стереотактични инвазивни процедури кој е единствен во Република Македонија и ултразвучен апарат со специјално конструирана мултифреквентна сонда, со можност за правење доплер студија и Micro pure студија за детекција на микрокалцификати.

- Тука се изведуваат сите инвазивни дијагностички процедури за додиференцирање на патолошките промени водени под ехо и мамографија. По извршениот хируршки зафат, оперативниот материјал се испраќа во хистопатолошка лабораторија, на натамошно испитување. Целта на овие испитувања е да се одредат сите карактеристики на малигните клетки, како и стадиумот на болеста. Овие параметри се клучни за правилен и современ третман со хемотерапија, хормонална терапија, херцептин, зрачна, како и најсовремена таргет терапија, рече Арсовски.

Додаде дека потполното излекување подразбира комплетно враќање на пациентите во сите професионални, семејни и други активности за што честопати е потребно да се направат и реконструктивни естетски интервенции, како и континуирана психолошка поддршка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...