Поставен камен темелник за нов театар и библиотека во Тетово

Тетово, 28 ноември 2014 (МИА) - Во близина на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска беше поставен камен темелник за изградба на нов театар и библиотека.

Според директорот на Центарот за култура Хаки Фазлиу, кој е координатор за реализација на проектот, објектот треба да биде изграден за три години, а од Владата односно Министерството за култура се предвидени 13 милиони евра.

- Сметам дека новиот објект ќе овозможи подобри услови за реализирање на културните активности во Тетово и тетовско и претставуваше голема потреба за сите жители без разлика на нивната национална  и верска припадност, изјави Фазлиу.

Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби истакна дека поставувањето на камен темелникот за објектот во Тетово недвосмислено ја покажува намерата на Владата и Министерството за изградба на нови објекти, онаму каде што има потреба.

- Сметам дека новиот театар и библиотеката ќе бидат нов импулс за развој на културата, соживотот и Тетово како град на културата, кој имаше нужна потреба за еден ваков објект. Идејното решение за овој проект доби и меѓународна награда и кога ќе се изгради ќе претставува модерна градба, која е во тек со модерните светски стандарди, рече Шехаби. 

На свеченоста присуствуваа вицепремиерите Муса Џафери и Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, пратеникот Талат Џафери и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...