Градоначалникот на Охрид во посета на ззбратиомениот кинески град Далиан

Охрид, 28 ноември 2014 (МИА) – Во рамки на работната посета на Народна Република Кина, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески го посети збратимениот град Далиан, каде оствари неколку работни состаноци со претставници на локалната власт.

Бакрачески имал и работна средба со директорот на државната телевизиска куќа во Далиан,  Ванг Веј и заменик-директорот и уредник на информативната програма Ју Јанг, на која било договорено гостување на новинарска екипа на телевизијата во Охрид, која ќе изработи промотивна  репортажа за Охрид што ќе се емитува на неколку телевизиски куќи чија гледаност достигнува преку сто милиони гледачи.

Во рамки на вчерашната посета на Далиан, Никола  Бакрачески заедно со претседателката на Советот Гордана Коњановска биле  на прием кај заменик-директорот  на Постојаниот совет на Народниот конгрес на Далиан, Чен Ли Мин, на кој биле разменети мислења околу можностите за интензивирање на соработката меѓу двата града. Притоа од домаќините била најавена помош во активностите за промоција на туристичката понуда на Охрид на кинескиот пазар.

Посетата на Далиан охридската делегација ја продолжува денеска со средби со неколку големи туроператори од Кина, како и со заменик-градоначалникот на Далиан, во присуство на претставници на неколку кинески компании, при што ќе се разговара за можностите за инвестирање во Охрид во делот на хотелски комплекси и лесна незагадувачка индустрија.

Градот Далиан е еден од најразвиените  градови во Кина, лоциран во најбогатата кинеска провинција Манџурија. Пристаништето во Далиан е на десетто место според прометот во светски рамки, а неговиот капацитет за прием на бродови е на дваесетто место во светот. Регионот на градот Далиан е и еден од главните туристички центри на Кина, кој минатата година го посетиле 53 милиони туристи, од кои 11 милиони странци. Во градот живеат над десет милиони жители и годишен БДП од 70 милијарди долари. Далиан е и регионален образовен центар со 31 универзитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...