ВИДЕО: Студентите уште помасовно маршираат во Скопје за своите права!

„СТУДЕНТИ – НЕЗАВИСНИ И СИЛНИ“, „АВТОНОМИЈА“, „НИЕ СМЕ СИЛАТА“, „ДОСТА БЕШЕ МОЛК“
Ова се само дел од паролите кои можеа да се слушнат на денешниот Студентски марш каде илјадници студенти, подржани од своите професори, родители и преостанатите граѓани излегоа на улиците на Скопје и мирно протестираа против воведувањето на државниот испит за проверка на знаењето.

Маршот започна пред платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, за потоа да се упати кон Собранието на Р.М. Групата од тука тргна кон Владата каде што беше одржан говор. Студентскиот пленум ги достави своите барања и забелешки во однос на државниот испит и тоа како е замислен истиот.

Од она што можеше да се види на лице место, на протестот изостанаа провокациите, а студентите одржаа лекција за тоа како треба да изгледа мирен и демократски протест.

- Се собравме денеска да го оствариме правото на мирен протест како знак на револт поради лошите реформи во образованието. Целта на овој протест денеска е да се повлече предлогот за државен испит и конечно да можеме да разговараме за позитивни реформи во образованието, изјави Анастасија Петровска од Студентски пленум.



Како што и претходно изјавија тие предлагаат проблемот со т.н. „купени дипломи“ да се реши со преиспитување на акредитациите на различни факултети, универзитети и студентски програми и ако тие не се добри, тогаш да се укинат.

Според Владимир Делов од Студентскиот пленум, ако се земе предвид дека од 2008 година до денес се направени 12 интервенции во Законот за високото образование, јасно е дека е потребен постудиозен пристап со поинтензивен процес со вклучување на академскиот кадар, студентските организации и истражувачките центри што би резултирало во поквалитетен закон во кој не би било потребно често да се интервенира.



На маршот кој оди под мотото „Стоп за лошите реформи“ организаторите упатија апел до сите учесници мирно да протестираат и да не се користат било какви етнички, национални, политички и други симболи.

Од друга страна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, во врска со негодувањето на дел од студентите, вчера изјави дека целта на проектот за државен испит е воведување механизми за контрола и за подобрување на квалитетот на високото образование.

Притоа тој рече дека ги разбира студентите и повтори дека се уште државата нема утврдено ниту модел, ниту концепт за државен испит.



- Ако има издржани аргументи ќе ги прифатиме, но заедничка цел и на студентите и на Владата е подобрување на квалитетот на високото образование, рече Адеми и најави дека Владата ќе расправа за проектот државен испит во наредните денови.

Фото: Н.B /A.Ш Видео: Б.Б



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...