Почина писателот Игор Исаковски

Скопје, 16 декември 2014 (МИА) - Писателот и основач на „Блесок“ Игор Исаковски почина вчера на 44 години.

Игор Исаковски е поет, прозаист, преведувач, уредник. Роден на 19.09.1970 во Скопје. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии).  Докторанд е на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје. Бил уредник во неколку книжевни списанија. Основач е на Културна установа Блесок, каде што од 1998 година работи како главен и одговорен уредник.

Ги објавил романите: Писма; Пливање во прашина (за кој ја доби наградата  Прозни мајстори, 2005): книгите раскази: Експлозии, трудна месечина, ерупции..., Песочен часовник, Гравири – Blues говорница и Blues говорница II (награда за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга, 2007); поетските книги: Црно сонце;  Вулкан – Земја – Небо; Длабоко во дупката; Стажирајќи за светец; Ноќта е најтемна пред разденување (награда на 4. Белградски фестивал на поезија и книга); Љубовна поезија; Смртта има коса од морска трева - објавена минатата година. 

Поезијата и прозата му се преведени и објавени на шеснаесет јазици во дваесетина земји, а самиот преведува поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски-босански-црногорски, и од словенечки на македонски. Во негов превод на македонски, објавени се шеесет книги. Уредил и четири антологии и два ЦД-РОМ-а. Застапен е во голем број избори и антологии во Македонија и во странство.

Игор Исаковски ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...