ЕУ бара начин Македонија да ги почне преговарите

Брисел, 16 декември 2014 (МИА) - Хрватската министерка за надворешни работ, Весна Пусиќ, попладнево изјави дека шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија расправале за случајот со Република Македонија на денешниот Совет за општи работи (ГАК) и дека се на став оти е потребно да се најде начин како земјата да напредува во евроинтеграциите. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Советот на Унијата денеска носи заклучоци во однос на процесот на проширување за претстојниот Самит на Европскиот совет, каде повторно за Македонија нема датум за почеток на пристапните преговори поради грчката блокада.

За време на дебатата за заклучоците, шефицата на хрватската дипломатијата излезе од состанокот за да даде изјава за медиумите и притоа за МИА потврди дека министрите на ЕУ-земјите бараат начин да ја изведат Македонија од ќорсокакот во кој западна во евроинтеграциите.

- Разговаравме за изнаоѓање некакво решение во случајот со Македонија со цел земјата да може да напредува кон отворање на преговорите со оглед на тоа што сметаме дека токму ова задржување на Македонија изминатите години, можеби предизвика и одредено назадување во земјата, истакна Пусиќ.

Наскоро, Советот за општи работи се очекува да излезе со официјалните заклучоци за сите земји-кандидати и потенцијални кандидати, бидејќи амбасадорите на ЕУ-земјите во рамки на КОРЕПЕР групата на Советот на ЕУ, минатата недела ги усвоија сите детали и денеска единствено се расправа за новонастанатите случувања во Турција, кои ЕУ сака да ги вметне во заклучоците за оваа змеја-кандидат за членство во Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...