Курс за изучување на албанскиот и на англискиот јазик за вработени во општинската администрација во Тетово

Тетово, 17 декември 2014 (МИА) - Во салата за состаноци на општина Тетово денеска започна одржување курсевите по албански јазик за вработените во општинската администрација од македонска националност. Оваа активност се одвива во рамките на проектот „Подобрување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини” спроведуван од страна на невладината Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ)-Гостивар, а поддржан од британската амбасада во Скопје.

За изучување на албанскиот јазик преку тримесечен курс се пријавиле 65 административци, додека за англискиот јазик се планира да бидат вклучени сите вработени во општината согласно нивните нивоа на познавање на јазикот.

На почетокот од одржување на курсевите по албански јазик присуствуваа  градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи и претставници на невладината организација АДИ-Гостивар.

- Проектот за подобрување на меѓукултурното разбирање во општината односно стратегијата за тоа беше усвоена од страна на Советот на општината во јуни годинава. Ја поздравувам оваа иницијатива бидејќи администрацијата е во директен секојдневен контакт со граѓаните и познавањето на јазикот е значаен за намалување на меѓусебното растојание. Како локална власт подготвени сме да преземеме мерки и за подоброто познавање на македонскиот јазик и особено на англискиот бидејќи со изменит на законот за административни работи познавањето на англискиот јазик станува и обврска за јавната администрација, изјави Арифи.

Катица Михајловиќ од АДИ рече дека проектот  „Подобрување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини” покрај во Тетово се спроведува и во уште пет други општини Гостивар, Кичево, Врапчиште, Брвеница и Јегуновце.

- Целта на проектот е да се работи на јакнење и унапредување на механизмите, инструментите и капацитетите на локално ниво за унапредување на меѓуетничкиот дијалог и соработка. Се предвидуваат повеќе заеднички училишни и вон училишни активности за учениците, заеднички екскурзии, заеднички посети на културно верските објекти на заедниците како и активноста промовирана денеска за изучување на јазиците на заедниците, појасни Михајловиќ.

Според најавите на организаторите овој проект ќе трае во следните три години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...