Средба на битолскиот градоначалник Талески и митрополитот г. Петар

Битола, 17 декември 2014 (МИА) - Општина Битола и преспанско-пелагониската епархија ги почнаа програмските свечености посветени на Свети Нектариј Битолски – заштитникот на градот.

Традиционално, битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска приреди прием за митрополитот на преспанско-пелагониската епархија и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, вечерва во битолскиот театар ќе се одржи свечена духовна академија, а утре во Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ ќе има утринска богослужба и свечена Литија.

- Со голема почит го славиме нашиот патрон Свети Нектариј Битолски, а наскоро во централното градско подрачје ќе изградиме и храм посветен на заштитникот на градот, рече меѓудругото градоначалникот Владимир Талески на прес - конференцијата.

- Забележано е дека Битола го воспита Нектариј, прекрасниот  горостас на нашата православна црква и затоа битолчани треба достоинствено да се оддолжат и го почитуваат неговото дело приклучувајќи се на вечерната богослужба и утринската литија, повика митрополитот г. Петар.

На новинарско прашање во врска со актуелните состојби со австралиската епархија, јавните барања на Игор Александров и одлуките на Светиот архиерејски синод, митрополитот г. Петар рече „приказната е завршена“.

- За тој случај докази има повеќе отколку што треба за тоа што е направено и одлуката е донесена. Решението е потврдено и тоа поглавје е затворено еднаш за секогаш, одговори митрополитот г. Петар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...