Земаат странски плати, а дома глумат дека се невработени!

Во потрага по подобра заработувачка, со години наназад добро познат факт е дека кумановци масовно одат на печалба во Авганистан. Но, исто така, официјалните податоци покажуваат пораст на бројот на разводи во овој град. Но, се чини дека најнов тренд, во кругот на кумановци кои работат во Авганистан и воедно се разведени е не плаќањето алиментација, бидејќи едноставно, овие лица кои заработуваат прилично високи суми во американските бази во Авганистан, тука се водат како невработени.

За тоа дали овие лица плаќаат данок за нивната заработувачка и колку државата има увид во овие пари кои влегуваат во земјава, од Управата за јавни приходи велат дека секој граѓанин во земјава е даночен обврзник за персонален данок согласно законот, односно обврзник е секое физичко лице кој е резидент на Република Македонија за приходите што ги остварува во земјата и во странство. За резидент се смета граѓанинот кој на територијата на Македонија има постојано живеалиште или престојувалиште (престојува непрекинато или со прекини 183 или повеќе дена во кој било 12 месечен период).

„Граѓанинот – резидент на Република Македонија има обврска во УЈП да поднесе Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) и да ги пријави остварените приходи, по сите основи, остварени во земјата и странство, во текот на календарската година, најдоцна до 15 март наредната година. За ненавремено и нецелосно пријавување на приходите во УЈП, предвидена е глоба, како и службено утврдување на данокот на приходите кои граѓанинот не ги пријавил, а УЈП открила дека не се оданочени“, велат од Управата за јавни приходи.

Сепак, постојат бројни примери на Македонци кои работат во странство и имаат дебели сметки во банка, а тука се водат како невработени, без месечни примања, па поради тоа „немаат од што“ да исплаќаат месечна алиментација. Во овој случај, мајките единствено што можат да добијат е околу 2.000 денари, износ што месечно го исплаќаат како алиментација татковците кои не се во работен однос.

Кумановка, чиј идентитет е познат на нашата редакција, исто така е соочува со проблемот „невработен сопруг“, кој со години заработува во воена база во Авганистан и одбива да плаќа алиментација за децата.

„Иако судот донесе решение поранешниот сопруг да плаќа алиментација, јас не добивам ништо, бидејќи тој тука се води како невработен, а не плаќа ни данок на тие пари кои на негова сметка му стигнуваат како заработувачка од Авганистан. Парите кои американската компанија ги префрла на негова сметка, не се водат како плата, туку како некој додаток. Не можам алиментацијата да си ја наплатам преку извршител, бидејќи сметката сега му е испразнета, сите пари веќе си ги извадил“, вели таа.

Со ваква слична „правни“ ситуации се соочуваат многу нејзини сограѓанки, додава таа.

Факт е дека заработените пари во опасните воени зони не се спечалени лесно, па оттаму и галанцијата во нивното давање на друг се сведува на минимум. Како и да е, одвоеноста на партнерите и финансиската комоција се’ повеќе резултираат со бракоразводни процеси, а Куманово зема почесно место во статистиката за разводи по оваа основа, ако се земе во предвид дека околу 15 отсто од жителите на Куманово работат во Авганистан за разни американски компании.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...