Атина само го забавува нашиот пат кон Европа

Скопје, 18 декември 2014 (МИА) - Знаеме колкави се штетите и знаеме кои се последиците од блокадите на нашето членство во НАТО и во Европската унија. Блокадите предизвикуваат фрустрации во македонското општество, нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи, рече претседателот Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање пред пратениците.

Иднината на Република Македонија е во НАТО и во Европската унија, истакна шефот на македонската држава и додаде дека за жал откако во 2005 година станавме земја-кандидат за членство во Унијата, Европскиот совет не успеа досега да најде начин да ги започнеме преговорите за членство.

- Последиците ги гледаме и ги чувствуваме. И токму овие последици од блокадите сега некои ни ги наведуваат како причина за неможноста да ги отпочнеме преговорите за членство во Унијата. Не е тешко да дојдеме до заклучокот. Ние сме сега всушност блокирани и поради последиците од наметнатата блокада, рече Иванов.

Македонскиот претседател нагласи дека двојните стандарди со кои сме соочени не можат да ја победат вистината, и потсети дека во историјата сме минале низ многу премрежја. 

- Нè негирале, бришеле и игнорирале. Нè асимилирале, делеле и раселувале. Но, и покрај сè, сме издржале. Како што пред 70 години, на АСНОМ, успеавме да создадеме наша сопствена држава, така денес, сме уверени дека ќе станеме членка на Европската унија и НАТО. Затоа што Македонија ја градиме во нас, од нас, за нас, за да живееме и ние и идните генерации во мир и благосостојба, истакна претседателот Иванов.

Тој рече дека официјална Атина може да го забави, но не и да го спречи нашето поврзување со Европа, не може веќе да ги спречи македонските граѓани да патуваат низ Европа, македонските компании да тргуваат со Европа.

- Официјална Атина може да ни го забави патот кон Брисел, но не може да нè спречи да ги имаме европските вредности, стандарди и критериуми. А токму тие се целта на нашиот европски пат – да ја донесеме Европа во Македонија. Наша обврска е да ги спроведеме реформите, да ги постигнеме стандардите и принципите, да ги обезбедиме човековите права и правото на човечко достоинство, за доброто на граѓаните на Македонија, истакна Иванов.

Македонскиот претседател во своето обраќање искажа поддршка за реализираните заеднички седници на владите од нашиот регион, притоа додаде дека во таа насока се и неговите чести средби со сегашните и поранешните претседатели од регионот.

- Се надевам дека со идниот претседател и на нашиот јужен сосед ќе го надоместиме она што е пропуштено во изминативе две децении. Крајно време е заедно да видиме што сè сме пропуштиле и сè што сме изгубиле во неповрат, и сè што можеме да добиеме ако ја надминеме оваа бариера во нашите односи. Која ќе биде користа за граѓаните на двете земји, за македонскиот и за грчкиот народ, но и за поширокиот регион во целина, подвлече Иванов.

Во однос на нашата надворешна политика, шефот на државата нагласи дека Македонија продолжува да се води од принципот на отвореност кон сите, која како што рече не е само декларативна, туку конкретна, и побара од македонската дипломатија да биде максимално активна и отворена.

- Уште од првиот ден на вториот мандат, продолжив со истиот интензитет. За само седум месеци имав 10 посети на странски држави и над 40 средби и разговори со некои од највлијателните државници во светот за суштествените прашања што се однесуваат на Македонија, рече македонскиот претседател, и истакна дека наша цел е да градиме добри односи со сите добронамерни држави во светот, а најдобри можни односи со сите наши соседи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...