Стаменов: Да се надминат несогласувањата околу влажноста на тутунот

Струмица, 18 декември 2014 (МИА) - Откупувачите да преземаат тутун и со неколку проценти поголема влажност зашто имаат услови за вештачко сушење, порача директорот на Државниот инспекторат за земјпделство Румен Стаменов по денешната обиколка на откупните пунктови во Струмичко.

Оценка на Стаменов е дека откупот на тутунот засега се одвива во рамки на законските прописи. Непотребна нервоза кај производителите создава единствено поголемата влажност на родот. 

Директорот апелира тутунарите и откупувачите да ги надминат несогласувањата околу влажноста на тутунот. 

Како што информира, изминатите два дена, откако почна откупот, преземени се 1,2 милиона килограми тутун, а просечната цена е 121 денар за килограм.

- Според увидот во спецификациите на компаниите, се работи претежно за трета и четврта класа, многу малку има тутун од втора класа. Тоа покажува дека на почетокот на отупот, производителите носат тутун од подолните берби. Во секој случај, строго ќе се залагаме за почитувањ на мерилата, мострите и правилата пропишани со закон, рече Стаменов.      

Инспекторатот има 20 екипи со 40 инспектори кои се постојано на терен, а за пријавување на неправилности воспоставен е и бесплатен телефонски број 0800 11000.

- Максимлано се залагаме за реална проценка и запазување на динамиката на откупот, напомена директорот. 

Што се однесува до инструментите за мерење на влагата на тутунот, Стаменов истакна дека тие редовно се проверуваат од инспекторите.

Директорот на Инспекторатот упати апел и до политичките партии и поединци да не ја злоупотребат сегашната сосотојба за да не се повтори 2010 година, кога одредени количини тутун останаа неоткупени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...