Жозеф Дол лично ќе се ангажира за конечно решавање на името

Брисел, 18 декември 2014 (МИА) - Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, напролет лично ќе се ангажира околу спорот за името меѓу Република Македонија и Грција со цел да дојде до конечно решение на овој долготраен проблем. Првиот човек на најголемата политичка партија на „стариот континент” и најбројна политичка опција во Европскиот парламент го истакна ова во ексклузивна изјава за МИА на денешниот Самит на ЕПП во Брисел.
 
Според Дол, тој лично му ветил на претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, дека на почетокот на идната година ќе влезе во спорот со цел да дојде до решение. Тие двајцата се заедно и на Самитот на ЕПП во палатата „Егмонт“ во Брисел.
 
- Знам дека Македонија не може да напредува во евроинтеграциите поради нерешниот спор со името и поради истото е блокирана на Европскиот совет. Сега чекаме што ќе се случи во Грција, треба малку да се почека за тоа дали ќе има парламентарни избори во земјата. Сепак, јас му ветив на македонскиот премиер дека на пролет ќе морам да се зафатам со ова досие со цел ова прашање да биде решено еднаш засекогаш. Знам дека постојано се разговара, но овие долготрајни разговори мора да резултираат со решение. Јас ќе се ангажирам како претседател на Европската народна партија за да најдеме вистинско решение на овој спор, истакна Дол во изјава за МИА.
 
Оваа изјава на првиот човек на најбројната партија во Европарламентот покажува дека во составот на европските демохристијани владее став дека ЕПП и неговиот претседател треба лично да се зафат со решение на спорот што веќе 20 години се влече во Обединетите нации. Поради спорот, Грција шест години не дозволува влез на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со Европската унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...