Концерт на пијанистот Крсте Бадаровски во Прага

Прага, 19 декември 2014 (МИА) - Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски, кој живее и работи во Чешка, вечер во палатата „Палфи" во Прага  ќе се одржи концерт на чешка и македонска класична музика.
 
Концертот е по повод одбележување на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Чешката Република, во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
 
На програмата се дела на Бедрих Сметана, Антонин Дворжак, Драган Шуплевски, Тодор Скаловски, а како гости ќе настапат чешки и македонски уметници, Алена Шисткова (виолончело), Виктор Ангелов (виолина), Александар Бадаровски, (гитара), Петра Вондрова (мецосопран) и Војтех Подроужек (обоа). 

Дваесет и петгодишниот Бадаровски ја започнал кариерата како еден од најдобрите студенти на државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј" во Скопје, од каде продолжил на Музичкиот конзерваториум во Прага.

Досега има настапувано во Чешка, Италија, Србија, Хрватска и во Македонија. Добитник е на неколку државни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои прво место во Србија и второ на Меѓународниот натпревар во Њујорк.

Концертот е организиран од Македонската амбасада во Прага, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...