Инфосесија за програмата на ЕУ „Креативна Европа“

Скопје, 19 декември 2014 (МИА) - Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје во понеделник, 22 декември, од 12 часот во ЕУ Инфоцентарот ќе организираат информативна сесија за програмата „Креативна Европа – Програма на Европската унија наменета за културните и креативните сектори”.

Како што соопшти Министерството за култура, целта на инфосесијата е да ја претстави потпрограмата ,,Култура” на ,,Креативна Европа’’ и да ги презентира можностите кои таа ги нуди за македонските културни оператори како нејзини потенцијални корисници.

Претставници на Здружението на граѓани Јавна соба од Скопје, НУ Завод и музеј – Битола и на издавачката куќа „Магор“ од Скопје на настанот ќе ги промовираат успешните проекти за културна соработка: „Балканска мрежа за дизајн”; „Акупунктура на градот“; „Во етерот’’, „Граѓански иновативни скулптури“, а ќе бидат претставени и проекти за литературни преводи поддржани од програмите „Креативна Европа” и програмата „Култура 2007-2013” на ЕУ.

- Со потпишување на договорот, Република Македонија стана официјален учесник во потпрограмата „Култура“ на „Креативна Европа“, а македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата за 2014-2020 година. Со потпишувањето на овој договор Република Македонија и Министерството за култура како надлежна институција за спроведување на програмата уште еднаш ги потврдија своите заложби да бидат рамноправни партнери на ЕУ во спроведувањето на нејзината културна агенда и во поддршката на проектите кои се дел од нејзините програми, соопшти МИнистерството за култура. 

Програмата „Креативна Европа“, која беше усвоена од Советот на Унијата на 5 декември 2013 година, е дизајнирана за да го поддржи развојот на културата и креативните сектори, како главен извор на работни места и севкупен развој во Европа. Програмата е фокусирана на  зачувување и промовирање на културната и јазичната разноликост и зајакнување на конкурентноста на културниот сектор и креативните сектори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...