Стојковски почесен професор Југозападниот универзитет во Ченгду

Скопје, 19 декември 2014 (МИА) - Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател на Управниот одбор на Институтот „Конфуциј“, проф. д-р Велимир Стојковски, во Ченгду, Сечуан, Кина, одржа пристапно предавање и беше промовиран во почесен професор на Југозападниот универзитет во Ченгду.

Ректорот Стојковски титулата почесен професор на Југозападниот универзитет во Ченгду, соопштија денеска од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја добил како знак на признание за неговиот придонес во науката и образованието, унапредувањето на меѓууниверзитетската соработка,  зајакнувањето на македонско-кинеската соработка, како и за неговиот личен придонес за формирањето, успешната работа и развојот на Институтот „Конфуциј“ во Република Македонија при УКИМ.

Институтот „Конфуциј“ во Република Македонија при УКИМ беше свечено отворен и започна со работа на 3 септември 2013 година во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина, како резултат на желбата за зајакнување на соработката во областа на образованието меѓу Народна Република Кина и Република Македонија, со поддршка на владите на двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...