Во Кичево одбележан денот на наставата на турски јазик Кичево, 19 декември 2014 (МИА) - Во основното училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево, каде наставата се одвива на македонски, албански и турски јазик, денеска се одбележа денот на наставата на турски јазик во Македонија.
На 21 декември 1944 за првпат во Македонија по ослободувањето се воведе настава и на турски јазик.
По повод денот на настава на турски јазик директорот на училиштето Лулзим Мехмеди им врачи благодарници и награди на најуспешните наставници и ученици.
|