Лустриран Ѓорѓи Спасов, поранешен министер и амбасадор

Скопје, 19 декември 2014 (МИА) - Комисијата за верификација на фактите го лустрираше поранешниот министер за правда и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија и Молдавија, Ѓорѓи Спасов.

Членовите на лустрациската комисија утврдиле дека Спасов соработувал со службите за безбедност во осумдесеттите години и оти неговото име го имало во три лични досиеја во Државниот архив.

Од документите кои се објавени на веб-страницата на Комисијата, може да се види дека Спасов давал податоци за лица поради анархолиберализам, за лица кои сакале да се воведат полиберални сфаќања во општеството, односно досиејата биле формирани поради идеолошки и политички причини.

Во решението на Комисијата за верификација на фактите се вели дека Ѓорѓи Спасов како асистент во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, давал информации за лица од весникот „Студентски збор“ кои делувале од анархолибералистички позиции, сакале да воведат полиберални ставови во веснико што ќе ги интересираат граѓаните, а иницирале и собирање потписи во градот во знак на поддршка на синдикалната организација „Солидарност“.

Спасов е и поранешен генерален секретар на опозициската партија СДСМ и сопственик на агенцијата „Рејтинг“. 

Комисијата за лустрација денеска објави дека бил лустриран и поранешниот шеф на битолската испостава на СДБ, Ице Дамчевски, кој неа собирал и издавал наредби за следење на лица кои биле од интерес на службата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...