Koнцерти на „Љубојна“ вечер и утревечер во Универзална сала

Скопје, 20 декември 2014 (МИА) - Етно групата „Љубојна“ која ја негува македонската традиционална музика вечер во 20:30 часот во Универзалната сала во Скопје, ќе одржи концерт насловен „Љубојна музика на дланка“. Групата утревечер во истото време ќе одржи уште еден концерт во Универзалната сала.

На концертите ќе има музика од нивниот последен албум „Незгаснати огништа“, како и хитови од нивните претходни албуми. 

Влезниците и за вториот концерт веќе се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за се’“ и билетарницата на „Универзална сала“.

„Љубојна“ ќе одржи концерт и во Битола на 27 декември во Домот на културата. 

Групата ги има издадено и албумите: „П.С.О.“ (2005) со музика компонирана за театарската претстава „Парите се отепувачка“ според драмата на Ристо Крле, „Macedonia fresh“ (2008) со чалгиска музика, „Песна за мојата песна“ (2009), направен според истоимената поема на Петре М. Андреевски, „Ljubojna in life“ (2011) - концерт снимен во живо, во Универзалната сала во Скопје, како и „Ljubojna Brass Fantasy“ (2012) снимен со голем дувачки оркестар.

„Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура. Таа стои зад повеќе театарски проекти: претстави, балет, перформанси, прави музика за филмови и од 2002 година од кога е основана, групата настапува со разновидни мултимедијални претстави и концерти во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...