Пријави за тројца вработени во МВР за несовесно работење и малтретирање

Скопје, 20 декември 2014 (МИА) - Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди изминатиот период поднесе три кривични пријави против три лица вработени во Министерство за внатрешни работи за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „малтретирање во вршење на службата“.

Како што соопшти денеска МВР, во првиот случај пријава е поднесена против Т.Р.(35) од Струмица, полициски службеник – водич на безбедносен реон во ПС од ОН Струмица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.  Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди постапувајќи по поднесена претставка од страна на граѓанин за непреземање мерки од страна на полициски службеник од ПС од ОН Струмица по пријавен кривично правен настан, кражба на две грла добиток, утврдил дека полицискиот службеник не го евидентирал настанот во Книгата за дневни настани и не презел потребни мерки и активности за расчистување на кражбата со што го сторил и кривичното дело.

Во вториот случај пријава за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ е поднесена против Б.И.(33) од Велес, референт за сообраќајни дозволи во Отсекот за управни работи Велес и Кавадарци. Од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди извршени се проверки по доставена претставка од страна на правно лице за непрофесионално постапување на референтот за сообраќајни дозволи поради што подносителот на претставката имал дополнителни трошоци во износ од околу 6.000 денари. Пријавениот одбил да прими документи за регистрација на возило со образложение дека за него не е одјавена француската дозвола при што од страна на оштетените лица постапката за регистрација на возилото е извршена во Кавадарци каде на шалтерот на Отсекот за управни работи лицата успеале да го регистрираат истото возило со истата документација која претходно не била примена од страна на Б.И. 

Во третиот случај пријава за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ е поднесена против М.Ј.(49) полициски службеник – сменоводител во ПС од ОН Делчево во СВР – Штип. До Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди добиена е претставка против лицето М.Ј. дека тој при преземање службени дејствија по пријавен настан, нарушување на јавниот ред и мир постапил незаконито, на начин со кој се понижува човечкото достоинство и моралот. Приведеното лице во ПС од ОН Делчево упатил закани кон безбедноста на сменоводителот и неговата фамилија, по што тој изреволтиран од заканите го турнал приведениот, кој паднал. По настанот од страна на доктор на лицето му е констатирана телесна повреда во пределот на лицето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...