Македонецот Крсте Бадаровски со успешен пијано концерт во Чешка

Прага, 20 декември 2014 (МИА) - Македонскиот пијанист, 25-годишниот Крсте Бадаровски, кој живее и работи во Чешка, синоќа во Прага имаше концерт заедно со уште четири чешки и македонски уметници - Алена Шисткова (виолончело), Виктор Ангелов (виолина), Александар Бадаровски, (гитара), Петра Вондрова (мецосопран) и Војтех Подроужек (обоа). Тие изведуваа чешка и македонска класична музика.

Чешката публика имаше можност да ужива во препознатливи елементи на македонскиот народен мелос. Беше изведена личната творба на Бадаровски, „Пајдушко рондо“, како и гитарската изведба на Александар Бадаровски на народната песна „Македонско девојче“ во аранжман на Мирослав Тадиќ.

Враќајќи ги изведувачите два пати на бис, публиката со овации ги поздрави македонските и чешките музичари.

- Многу сум задоволен од концертот, кој помина одлично и публиката целосно беше сконцентрирана на програмата, изјави за МИА Бадаровски.

Младиот уметник, додаде дека неговиот настап е одлична можност за истакнување на поврзаноста на македонската и чешката култура, како и за истакнување на македонската историја и нејзиното славно минато.

Беа изведени дела на Бедржих Сметана, Антонин Дворжак, Драган Шуплевски, Тодор Скаловски, Зузана Михлерова.

Бадаровски, кој ја започнал кариерата како еден од најдобрите студенти на државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј" по што продолжил на Музичкиот конзерваториум во Прага, досега има настапувано во Чешка, Италија, Србија, Хрватска и во Македонија. Добитник е на неколку државни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои прво место во Србија и второ на Меѓународен натпревар во Њујорк.

Концертот е по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Чешката Република, во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини. Организацијата беше на Македонската амбасада во Прага, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...