Јанакиески пушти во употреба локален пат во прилепско

Прилеп, 20 декември 2014 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го пушти во употреба локалниот пат во општина Прилеп помеѓу селата Клепач и Ерековци во должина од 2,5 километри. Инвестицијата е вредна 260. 000 евра. Според Јанакиески целата општина е офатена со локална инфраструктура.
 
-  Речиси сите населени места имаат асфалтен пат. Тоа е дел од програмата на градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, но и од владината програма за локалната патна инфраструктура. Ова беше главно барање на жителите од двете населени места кои за прв пат добија асфалтна сообраќајница со што им се олесни животот, рече тој.
 
Министерот за транспрт и врски појасни дека со владината програма за изградба на локални патишта во земјава, инвестиција од 150 милиони евра, остануваат да се изградат уште 75 локални патишта.
 
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески смета дека на ваков начин е решен децениски проблем за жителите од селата Клепач и Ерековци.
 
- Досега жителите од Клепач мораа преку Битола да стигнат до Прилеп. Сега со овој пат им се олесни и им се скрати патувањето, рече тој.
 
Додаде дека локалната самоуправа ажурно ја спроведува програмата сите населени места да бидат опфатени со асфалтирана инфраструктура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...