Ново повеќенаменско игралиште во прилепската гимназија „Мирче Ацев“

Прилеп, 20 декември 2014 (МИА) - Во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ денеска беше пуштено во употреба повеќенаменското игралиште, проект на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава. 
 
На свеченото пуштање во употреба на повеќенаменското игралиште присуствуваа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
 
Директорот на Агенцијата Спасески во обраќањето истакна дека игралиштето е 35-то по ред што се пушта во употреба и оти очекува да биде исполнето од утринските до вечерните часови со ученици и спортисти.
 
- Повеќенаменското игралиште кое го пуштаме во употреба е 35-то по ред и е изградено според светски стандарди со димензии 45×28 метри и ќе може да се користи за играње мал фудбал, серва, кошарка, тенис и други игри и ќе биде наменето за учениците од средното училиште „Мирче Ацев“ и граѓаните на Општина Прилеп. После завршувањето на часовите, игралиштето ќе може да го користат рекреативците и спортистите на градот Прилеп.Искористеноста на овие игралиште очекувам да биде од утринските до вечерните часови и граѓаните на општина Прилеп своето слободно време да го поминуваат спортувајќи рекреативно токму на ова игралиште, истакна Спасески. 
 
Тој потенцираше дека игралиштето ќе одигра голема улога во оттргнувањето на младите од пороците на 21 век.
 
- Младите се иднината на државата и поради тоа сакаме и мораме да ги оттргнеме од пороците на 21 век и затоа ова игралиште очекувам да има големо влијание во борбата против пороците, рече меѓу другото Спасески.
 
Претходно, Агенцијата за млади и спорт ги изгради и ги предаде во употреба фудбалските игралишта во Тополчани и кај Могилата кои се од проектот изградба на 50 фудбалски игралишта низ целата држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...