Педагошки факултети само на јавните универзитети, студентите што ќе се запишат ќе имаат стипендија

Скопје, 21 декември 2014 (МИА) - Педагошките факултети во иднина ќе се основаат само на јавните универзитети, сите факултети ќе имаат усогласени студиски програми и усогласени со Законот за наставници. Секој студент што ќе биде примен на педагошките факултети од следната 2015/2016 академска година ќе добива месечна стипендија по 50 отсто од просечна плата во РМ.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на отворената владина седница соопшти дека траењето на студиите ќе биде четири години или 240 кредити. Ќе има задолжителен приемен испит, право да се запишат ќе имаат сите матуранти со положена државна матура, минимум 4 просечен успех во средно и познавање англиски јазик.

- Задолжителниот приемен испит се однесува на математика, мајчин јазик - говорни и писмени вештини, англиски јазик, природни науки, информатички вештини, физичко-кондициска подготвеност, музика и разговор со кандидатот. Во моментот на запишување на педагошкиот факултет, на студентот му се обезбедува стипендија во висина од 50 проценти од просечната плата во РМ,  рече Адеми на седницата. 

За втора, трета и четврта година за да има стипендија ќе има дополнителни критериуми, мора да има просек над 8 и редовно да ги запишува следните години. На крајот ќе има дипломски испит, јавна одбрана на испитот, писмен и устен испит од наставните содржини. Во текот на студиите има задолжително теоретски и практичен дел. Практичниот ќе се одвива во училиштата, во кој има наставник со квалификација ментор или советник. Писмениот дел го полагаат електронски, како и на другите факултети. Се дефинира и кој може да биде предавач на педагошките факултети.

Адеми соопшти дека се подготвуваат и 20 наслови за учебници за потребите на педагошките факултети, наслови кои се користат на најреномираните универзитети во светот. 

Претходно, министерот соопшти и новина за стимулирање на учениците за математика. На ученик кој ќе освои прво, второ или трето место на меѓународен натпревар (со учество на најмалку десет држави) по математика или природни науки и на наставникот што го подготвувал ќе им се доделува парична награда одделно во износ од по 50 отсто од просечна нето плата во Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...