Меморандум за соработка меѓу Правниот факултет-Штип и Академијата за судии и јавни обвинители

Штип, 22 декември 2014 (МИА) - Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Академијата за судии и јавни обвинители денеска со потпишување меморандум ја почнаа соработката во која се вклучени обуки за студентите, но и за идните судии и обвинители од Академијата, во новата современа модел-судница која беше финансирана од УСАИД и мисијата на ОБСЕ.

Меморандумот денеска во Штип го потпишаа деканот на штипскиот Правен факултет Јован Ананиев и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Аранудовска. 

Ананиев рече дека оваа соработка, пред се, е значајна за студентите кои студираат на овој факултет, бидејќи директно ќе можат да гледаат и учат како се работи во судница.

- Се согласивме со Академијата  дека во иднина ќе имаме и реализација на заеднички апликативни проекти, понатаму да имаме и раелизација на заеднички тркалезни маси, советувања, работилници, размена на публикации од  двете институции и, исто така, активности кои треба да ги преземат наши наставници во реализацијата на обуките од страна на Академијата за судии и јавни обвинители, изјави Ананиев.

Директорката на Академијата Арнаудовска рече дека покрај тоа што студентите одблиску ќе можат да видат како судиите и обвинителите работат во судниците, преку овие обуки, односно вежби, ќе ги мотивираат и да учат и да се надградуваат за да станат идни судии и обвинители.

- Во наредниот период Академијата ќе посвети особено внимание на интензивна соработка со правните факултети во Македонија со цел низ овие средби непосредно со студентите да ја промовираме улогата и активностите на Академијата, како и критериумите за влез во Академијата, како и во судско-обвинителската професија, бидејќи овие студенти се нашите идни судии и јавни обвинители, рече Арнаудовска. 

Штипскиот Правен факултет во моментов ја има најсовремената модел судница со цела техничка поддршка, а според анализите на Академијата повеќето кандидати сакаат да станат судии. Арнаудовска посочи дека со новите законски измени во последната година атрактивна станува и професијата јавен обвинител.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...