Во Кочани одбележана годишнината од раѓањето на Рацин

Кочани, 22 декември 2014 (МИА) - Во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани со пригодна свеченост денеска беше одбележана годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски поет Коста Солев Рацин.
 
Ученици од кочанските основни и средни училишта под менторство на професорите Љупка Стоименова и Доне Донев, рецитираа стихови од Рацин на македонски,англиски,германски,француски и шпански јазик.
 
Во изложбениот салон на библиотеката беа изложени книги од и за Рацин од фондот на кочанската библиотека.
 
- Чествувањето за Рацин е во три варијации, поезија, книги и изложба со што ги одбележуваме 22 декември денот на раѓањето на Коста Солев Рацин, 75 годишнината од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ и 50 години Рацинови средби во Велес, изјави Сузана Ѓоргиева, директор на кочанската библиотека.
 
Марин Клифов, виш кустос во Народниот музеј во Велес потенцира дека изложбата е подготвена  во рамки на одбележувањето на 50 годишнината од Рациновите средби во Велес и на неа се содржани документи и фотографии за оваа значајна  културна манифестација во изминатите години.  
 
Чествувањето за Коста Солев Рацин во Кочани е дел од програмата на Јавната општинска установа Библиотека „Искра“  за 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...