Средба на Јолевски со поранешните министри за одбрана и началници

Скопје, 22 декември 2014 (МИА) - Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - потполковник Горанчо Котески, денеска традиционално имаа средба со поранешните министри за обрана, началници на генералштабот на АРМ и пензионирани генерали на АРМ.

На средбата, како што изјави министерот Јолевски, ќе се расправа за активностите кои се релизирани оваа година и за плановите за идната година.

Според него, ваквите средби се мошне значајни бидејќи искуството што го имаат нашите претходници, рече тој, е многу битно и е значаен начин за размена на мислења.

- Приоритет на Република Македонија и на МО и АРМ е интеграцијата во НАТО. Ќе продолжиме во овој правец да работиме со натамошни реформи, ќе продолжиме и со активностите за подобрување на стандардот на припадниците на АРМ и во таа насока најавивиме прием на нови 250 професионални војници. Ќе продолжиме и со модернизацијата на опремата на АРМ, изјави министерот Јолевски.

Првиот министер за одбрана во независна Република Македонија, Трајан Гоцевски смета дека оваа средба може да се разменат искуства кои се битни за раководството на МО и ГШ на АРМ. Тој потенцира дека има работи кои може да се прочитаат, но, подвлече, и работи коишто искуството ги нуди како исклучително добри решенија.

- МО имаше исклучително дорба програма која во целост е реализирана. Во делот на Армијата имаме доста добри работи, особено во делот на меѓународните мисии, а тоа е придонес не само на АРМ, туку и на РМ. Тоа е на некој начин нашиот легитимитет дека ги исполнуваме стандардите кои ги имаат земјите-членки на НАТО и на ЕУ. Тоа покажува дека Македонија како држава рамноправно може да ги споделува тие вредности, изјави Гоцевски, додавајќи оти 2015 година ќе биде нов предизвик. Тој изрази надеж дека луѓето во одбраната се посветени на работите, нашите задачи, истакна, ќе ги завршиме, а тоа што не зависи од нас, треба да се обработи на високи политичко ниво и од дипломатијата.

Генералот во пензија Митре Арсовски, првиот началник на ГШ на АРМ потсети дека првата ваква средба е одржана 1992 година и оттогаш секоја година на средба поранешните министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ се сретнуваат и се запознаваат со новите работи кои се случуваат во АРМ.

- Не треба да бидеме ниту слепи, ниту глуви за тоа што се случува со Армијата односно со одбраната. Верувам дека ќе добиеме податоци кои нам ни се потребни за да можеме ние како ветерани да работиме, изјави генералот во пензија Арсовски и претседател на Здружението на ветераните во одбраната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...