Протест против плаќањето придонеси за хонорарците

Скопје, 22 декември 2014 (МИА) - Незадоволни граѓани денеска протестираа против воведувањето на задолжително плаќање придонеси за здравствено и пензиско осигурување за хонораците кое треба да стапи во сила од почетокот на јануари.

Протестот почна од паркот „Жена борец“, продолжи пред Министерството за труд и социјална политика и заврши пред Владата. 

Учесниците во протестот сметаат дека со воведувањето на задолжителното плаќање придонеси и за хонорарците дополнително ќе се осиромаши најзагрозениот дел од работниците, односно оние што не можејќи да најдат редовно вработување се принудени да се борат за својата егзистенција работејќи за хонорар.

За разлика од нив, минатата недела Сојузот на синдикати на Македонија и девет гранкови синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на одделни прес-конференции оценија дека со законските измени ќе се заштитат работничките права и ќе се зголеми социјалната сигурност на работниците.

Поддршка дадоа и од Сојузот на стопански комори според кои ќе се елиминира нелојалната конкуренција меѓу компаниите, а хонораците ќе добијат еднаков третман со работниците вработени на неопределено работно време.

Согласно законските измени од 1 јануари во системот на задолжително осигурување влегуваат и договорите за дело и авторски договори.

Фото: Н.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...