Дијалог и размена на идеи за успешна трансформација на високото образование

Скопје, 13 јануари 2015 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов го повтори својот став дека дијалогот, размената на идеи и иницијативи е единствен начин што може да доведе до успешна трансформација на високото образование, соопшти неговиот кабинет по денешната средба на шефот на државата со професори од Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование.

 - На средбата претседателот Иванов и претставниците на иницијативата разменија мислења за севкупните состојби во високото образование во Република Македонија и се согласија за неопходноста од спроведување реформи, како и за потребата од квалитетно високо образование. Претседателот Иванов уште еднаш изрази загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница и изрази жалење што беше одбиена иницијативата за одржување заедничка средба денеска на претставниците на Професорскиот пленум, на Студентскиот пленум и на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, соопшти кабинетот на Иванов. 

Приемот кај македонскиот претседател беше на барање на професорите од  „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“ за да му ги образложат своите видувања во врска со предложените законски измени во областа на високото образование и потребата од подигнување на квалитетот на високото образование. Тие сметаат дека реформите се во интерес на студентите, професорите и во интерес на развојот на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...