МАН: Единствено прифатлива е ослободителна пресуда за Кежаровски

Скопје, 16 јануари 2015 (МИА) - Македонската асоција на новинари (МАН) соопшти дека најостро се спротивставува на одлуката на Апелацискиот суд со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна. Според Асоцијацијата, единствено прифатлива е ослободителна одлука.

- МАН смета дека секоја казна за вршење на новинарска работа е излишна, па и оваа за колегата Кежаровски. Ова дотолку повеќе што казната за новинарот, кој пишувал текст е повисока од некои за сторителите за чие дело се пишувало, велат од МАН.

Воедно, се наведува, очекуваат да се поднесе жалба по оваа одлука, а Врховниот суд во најкус можен рок, уште следната недела, да закаже седница на која ќе донесе ослободителна пресуда и ќе го ослободи новинарот Кежаровски од секаква одговорност. - Со оваа одлука судството ќе покаже дека новинар не може и не смее да одговара за професионално извршување на својата работа, стои во реакцијата на МАН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...