СОНК ќе го одржи најавениот штрајк

Скопје, 18 јануари 2015 (МИА) - Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата во вторник ќе го одржи најавениот генерален штрајк, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на СОНК Јаким Неделков.

- СОНК на 20 јануари ќе влезе во генерален штрајк, бидејќи три месеци од октомври до декември преговаравме. Тоа беа јалови преговори каде ништо не ни беше понудено од ресорните министерства. СОНК нема друг избор и мора да си ги бара своите права според донесената одлука, рече Неделков.

Тој подвлече дека одлуката за штрајк е донесена од Советот на СОНК врз основа на изјаснувањето на членовите на Синдикатот, членството за поддршка на барањата упатени до МОН, МТСП, Министерството за култура.

Неделков ги оцени како девалвирање на работата на раководството на СОНК - Советот на Синдикатот кој брои 44 членови и претседателот на Синдикатот дека одлуката за штрајк била резултат на личните интереси на раководството и најави дека ќе бара одговорност за тоа од тие што клеветеле.

Штрајкот ќе се одвива така што вработените ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат своите работни задачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...