Сириза повтори:

Име со географска одредница за сите употреби

Атина, 22 јануари 2015 (МИА) – Име го географска одредница за сите употреби, а не само меѓу двете земји, е ставот на Сириза за прашањето за името на Македонија, кој го повтори Надија Валaвани, кандидат за пратеник на Коалицијата на радикалната левица.

Употребувајќи го речникот на досегашната Влада на Андонис Самарас, Валaвани во интервју за порталот „иефимерида“ го спомена и „порастот на иредентизмот на соседната земја“ со кој Грција „треба смирено да се справи и без националистички испади“.

- Генерално, националистичките страсти, кои повторно оживеаја на Балканот, се трн кој доколку не се лекува на време со ефективни билатерални и мултилатерални иницијативи, се заканува да ја поткопа секоја стабилност и можност да се решат отворените билатерални прашања не само за Грција, туку за сите земји во регионот, без исклучок, рече кандидатката на Сириза.

Според неа, иницијативата на Германија за Конференцијата на Западен Балкан, која се одржа минатата есен во Берлин, е заобиколување на институциите на ЕУ и „не помага за подобрување на односите меѓу земјите во регионот, особено во услови кога Германија е вклучена во меѓународни прашања, како што е името на Скопје“.

- Ние ќе ја браниме нашата земја од политика на недипломатија и од надворешна политика која се води преку телефонски разговори кои не даваат никаков ефект за интересите на луѓето и земјите, рече Валaвани.

Иако позицијата на Сириза за прашањето за името е јасна, Самарас синоќа на митингот во Солун не пропушти да ја нападне опозициската партија нагласувајќи дека немаат ист став. Не споменувајќи го конкретно проблемот со името, лидерот на Нова демократија го повтори неговиот радикален став дека „одлуката на грчкиот народ е да не преговара за историја, идентитет и јазик“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...