Кривична за гинекологот и биологот осомничени за примање поткуп

Скопје, 23 јануари 2015 (МИА) - МВР до надлежното Основно Јавно обвинителство поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ поднесе кривична пријава против две лица од Скопје вработени во Гинеколошко акушерка Клиника од кои едниот П.Љ. (59), вработен како доктор, додека второто лице   М.К. (54) вработен како биолог.

Пријавените, соопшти денеска МВР, завчера директно побарале пари за себе од оштетениот Д.К. од Свети Николе, за извршување службено дејствие што морало да биде извршено, односно породување на сопругата на оштетениот со царски рез при што имале намера да се стекнат со противправна имотна корист во висина од 19.800 денари.

Според документираните сознанија од истрагата завчера поради критична бременост сопругата на оштетениот била примена на преглед во ГАК- Скопје. Поради проблематичната бременост оштетениот побарал помош од свој познаник вработен во Медицинскиот факултет во Скопје со цел безбедно породување на сопругата. На тој начин оштетениот бил поврзан со второпријавениот со кого остварил контакт објаснувајќи ја здравствената состојба на сопругата. По ова М.К. ги однел сопругата на оштетениот и оштетениот на преглед кај првопријавениот П.Љ. и по извршениот преглед пациентката била хоспитализирана.

Набргу потоа оштетениот бил телефонски побаран од М.К. при што му било кажано да дојде на клиниката за да се види со П.Љ. којшто требало да ја породи неговата сопруга, наедно барајќи од него да даде одредени парични средства доколку сака неговата сопруга да ја породи првопријавениот со царски рез. Откако се сретнале му било кажано од страна на П.Љ. дека тој е оној што одлучува дали неговата сопруга ќе се породи со царски рез или не. Истиот ден по барање на М.К. повторно се сретнале оштетениот и првопријавениот П.Љ.  при што двајцата пријавени му побарале сума од 19.800 денари доколку сака неговата сопруга да биде породена со царски рез, а истовремено му бил покажан и ценовник за услуги за дополнителна дејност.

По ова оштетениот за новонастанатата состојба пријавил во Министерството за здравство, каде што по примањето на информациите во врска со овој случај од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат направен е инспекциски надзор во ПЗУ ЈУ за ГАК Скопје за што е сочинет и Записник од извршен инспекциски надзор, а истовремено случајот е пријавен и во полиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...