Состојбата е стабилна, нови врнежи од вторник

Состојбата со водостојот на реките во Македонија е стабилна, но од вторник попладне се очекуваат нови врнежи со ист интензитет како вчерашните и можно е повторно да предизвикаат излевања во местата што беа поплавени.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по состанокот на Координативното тело попладнево соопшти дека нема опасност за излевање на големите акумулации, но малите се полни и за нив утре ќе има посебна координација бидејќи, како што рече, сакаат поподготвени да го чекаат дождот во вторник.

- Големите акумулации се полни околу 30 проценти, така што нема опасност за некои големи поплави во наредниот период, но малите акумулации во најголем дел се полни и утре за нив ќе имаме специјален состанок за координација. УХМР информираше дека до вторник ќе имаме стабилно време, а во попладневните часови во вторник или во среда очекуваме врнежи со ваков ист интензитет, не поројни дождови, туку среден тип дождови. Тоа детаљно ќе го знаеме во понеделник. Ја следиме ситуацијата, до вторник ќе нема врнежи од дожд, истакна Јанакиески по состанокот.

Со дождови и поплави вчера најмногу бил зафатен штипскиот регион, но и гевгелискиот и кумановскиот. Во злетовскиот регион имало оштетување на патишта, во Кумановско се интервенирало во две населени места, а специјалните единици евакуирале едно семејство, бил ставен и вештачки насип кај реката Отиња во штипско Ново Село.

Јанакиески истакна дека најголем дел од поплавените површини се земјоделски, не се настрадани куќи, но се оштетени дел од локални и од регионални патишта. Тимови за проценка на штетите, рече тој, ќе излезат на терен но најпрвин треба целосно да се повлече водата.

- Кога ќе излезат тимовите, ќе знаеме колку штета е направена. Најмногу штета е направена на земјоделски површини. Најголем дел земјоделска површина е зафатена во Новаци бидејќи Црна Река има зафатено околу 250 хектари. Треба да се направи проценка и за останатите земјоделски површини, рече Јанакиески.

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување работат на санирање на последиците во општините Карбинци, Конче, Крива Паланка, а по добиеното барање од општина Радовиш и таму ќе се интервенира со нафта и со машини.

- Најголем број од машините се сконцентрирани во Карбинци бидејќи е оштетен локалниот пат кој води до населеното место. Има два регионални патни правци кои се во прекин - во Злетово регионалниот пат 2232, од утре ќе се прави алтернативен пат бидејќи за целосна санација треба подолго време, и вториот регионален пат е 2137 во Неготинско, рече министерот за транспорт и врски, додавајќи дека населението ќе се движи по алтернативни патишта и ќе нема отсечени населени места.

Од Вардар не се очекуваат поголеми проблеми во Демир Капија и Гевгелија. - На потегот на населеното место Прдејци би имало егвентуални проблеми, но се спремни и не очекуваме тие да бидат поголеми, додаде Јанакиески.

Според добиените информации на ЕВН, соопшти Јанакиески, нема поголеми дефекти на електродистрибутивната мрежа, освен ситни во некои населени места, пред се во село Лакавица кое денеска го посети и премиерот Никола Груевски.

- Екипите на ЕВН се на терен и се очекува тие дефекти набргу да бидат отстранети, рече Јанакиески.

Додаде и дека вчера во 20 часот е нормализиран и железничкиот сообраќај кој бил прекинат десетина часа поради надојдена река и заради безбедност на патниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...