Критична состојбата во долното течение на Вардар

Критична останува состојбата во долното течение на Вардар каде се заканува опасност од излевање на реката околу Демир Капија, пред клисурата, како и низводно во правец на Гевгелија, соопшти Координативното тело кое денеска имало состанок во Министерството за транспорт и врски.

- И помалите притоки на Вардар на потегот од Демир Капија до Гевгелија (Бошава, Дошница, Стара, Кованска, Серменинска, Коњска и Анска) поради високиот водостој на Вардар и неможноста да се влијат во него би можеле да се излеат и да направат заезерување и поплавување пред вливот, односно во устијата на реките, информира Координативното тело за справување со кризи.

Екипи на сите надлежни институции се на терен и ги расчитуваат поплавените подрачја, а на критичните делови се преземаат превентивни мерки.

Координативното тело препорачува будно следење на состојбата од страна на сите надлежни институции. До градоначалниците апелира да ги активираат сите потребни ресурси и доколку имаат потреба да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

На граѓаните им се препорачува ако имаат проблеми да се јават на бесплатниот број 195 во Центарот за управување со кризи, а на сите возачите внимателно возење и информирање за состојбата на патиштата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...