Нормализиран сообраќајот на патот Демир Капија - Корешница

Скопје, 26 јануари 2015 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон село Корешница е нормализиран, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија.

На мостот на патот Радовиш – Штип штетата е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента, а забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.

Сообраќајот е во прекин на регионалениот пат на м.р.„Глобица” во непосредна близина на селото Ратавци – Пробиштип, како и на патните правци кон селата Степанци и Суво Грло поради надојдените води на реката Крива Лакавица.

На патниот правец кај клучката Марвинци - Гевгелија сообраќајот е во прекин поради излевање на реката Вардар.

Забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони и автобуси е воведена на патниот правец Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Поради магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри кај Страцин.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...