Пет скопски клиники, пет болници и пет здравствени домови во РМ со најдобри постигнувања

Скопје, 26 јануари 2015 (МИА) - Клиниките за гастроентерохепатологија,  уво, нос и грло, торакална и васкуларна хирургија, за хируршки болести „Св.Наум Охридски", за психијатрија, како и Клиничката болница во Штип и општите болници во Гевгелија, Струга, Велес и Кочани, се јавни здравствени установи со најдобри постигнувања во 2013 година. 

Oва го покажуваат од резултатите од имплементацијата на системот за Избалансиран приказ на постигнувањата на јавните здравствени установи (Balanced Score Card), кој почна да се применува во 2013 година, како една од најсовремените стратешки алатки за следење на работата на јавните здравствени установи во Република Македонија. Станува збор за алатка со која се евалуираат постигнувањата на менаџментот на секоја здравствена установа, преку следење на четири области: финансии, пациенти, клинички фокус, развој и обука.

На презентацијата на резултатите денеска на прес-конференција министерот за здравство рече дека Клиниката за гастроентерохепатологија ги постигнала сите предвидени таргети по индикаторите, односно работи без долгови, не го надминува буџетот за лекови и медицински потрошен материјал, поттикнува воведување на нови интервенции и научна работа, и согласно спроведените анкети пациентите се задоволни од здравствените услуги, а Клиничката болница во Штип има најголеми достигнувања од областа на финансиите

Посочи дека меѓу болниците со најдобри постигнувања за 2013 недостига Градската општа болница „8 Септември“, бидејќи, појасни, таа јавна здравствена установа оваа година има зголемен обем на услуги, а тоа значително влијае на финансиската состојба, за што ќе биде направена евалуација во наредниот период.

- Кај здравствените домови во топ 5 се издвоија ЗД во Валандово (со исполнети сите таргети од областа на клинички фокус, пациенти и развој и обука), во Скопје, Берово, Делчево и Пехчево. Меѓу специјалните болници, најдобри постигнувања има Специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново, потоа Заводот за физикална медицина и рехабилитација со целосно исполнети таргети по индикаторите во областите на пациенти и клинички фокус, како и Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, кој и покрај зголемениот број на пациенти, бележи намалување на долговите, рече Тодоров.

Нагласи дека станува збор базични резултати кои треба да претставуваат поттик за натамошно подобрување на постигнувањата на јавните здравствени установи, односно целокупно унапредување на здравствениот систем во државата.

За 2015 година, истакна, развивме нова методологија со утврдени национални индикатори, како и индивидуални индикатори на успешност за секоја јавна здравствена установа, а предвидуваме поголем број индикатори во сите области.

- Од новите индикатори што се воведуваат би ги издвоил: следење на реадмисии или ревизии во рок од 30 дена по хоспитализација или хируршка интервенција, смртноста од мозочен удар или миокарден инфаркт, процент на породувања извршени со царски рез, време на чекање за хистопатолошки наод, искористеност на операциони сали, должина на болничкиот престој, неоправдано препраќање во други здравствени установи, како и индикатори во врска со итната медицинска помош, рече Тодоров.

Значајна новина, укажа, е што доколку долговите на јавната здравствена установа не се намалуваат, а тоа се должи на зголемениот обем на работа, тогаш тоа нема да се одрази на постигнувањата на таа установа.

Тодоров потенцира дека со последните измени на Законот за здравствена заштита, системот за Избалансиран приказ на постигнувањата на ЈЗУ, е ставен во законска рамка, односно станува законска обврска според која ќе се евалуира менаџментот на јавните здравствени установи. Согласно измените, директорите на ЈЗУ се должни да организираат и обезбедат тековно прибирање и обработување на податоци потребни за мерење на клучните индикатори на успешност, како и внес на податоците во интегрираниот здравствен информатички систем најдоцна до петти секој месец за претходниот месец.

- Министерството за здравство четири пати годишно ќе врши евалуација на успешноста на ЈЗУ во остварувањето на системот за Избалансиран приказ на постигнувањата на ЈЗУ и четири пати годишно ќе изготвува ранг листа на најуспешни ЈЗУ. Вработените во ЈЗУ која се наоѓа осум пати во текот на две последователни години на прво место на ранг листата на најуспешни ЈЗУ, добиваат парична награда во износ од 10 отсто од минималната плата во Македонија, во текот на три месеци последователно, рече Тодоров и додаде дека системот претставува добро утврдена практика во развиените здравствени системи, која постојано се надградува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...